Легендарните „Whitesnake“ со прошталната турнеја во Скопје!

|

Легендарнaта рок група „Whitesnake“ на прошталната тура “Farewell tour” го вклучија и Скопје каде ќе одржат концерт на 12-ти јули 2022 година на стадионот на АРМ.

“Иако сите албуми им се врвни, а концертите енергични и спектакуларни, фронтменот на бендот David Coverdale одлучи во 2022 година да стави крај на Whitesnake. Впрочем, тоа е одлука само на најголемите, а крај без Скопје и земјава, едноставно не е возможен”, истакнаа од Авалон продукција кои се организатори на концертот.
„Here I go again“, „Is this love“, „Fool for your loving“, „Still of the night“, „Love ain’t no stranger“, „Give me all your love“, „Ain’t no love in the heart of the city“ … и уште многу други песни, се само дел од големите хитови на легендарните рокери што ќе ги изведат на стадионот на АРМ.

“Возбудени сме и со радост го очекуваме настапот во Скопје каде што на оваа последна турнеја заедно ќе го славиме наследството на Whitesnake, кое речиси 50 години ги освојуваше светските топ листи. Благодарен сум што сѐ уште одиме на турнеи низ светот. Сето ова време го уживав и ги славев сите незаборавни моменти со милиони фанови што беа дел од ова исклучително патување. Навистина го сакам заедничкото искуство со моите неверојатни музичари и едноставно ја сакам мојата работа и секогаш ќе ја сакам… речиси пет декадентни и вкусни децении. Ви благодарам!”, рече Coverdale по повод прошталната турнеја.
Влезниците ќе бидат пуштени во продажба во среда, 24-ти ноември преку продажната мрежа на Авалон низ Македонија и онлајн на avalon.mk.