Лејди Гага блесна на премиерата на филмот „Гучи“ во Лондон (ФОТО)

ИЗВОРНов Лист
|

Првата премиера на „Куќата на Гучи“ беше официјално одржана синоќа во Лондон, а на црвениот тепих се појавија водечките ѕвезди на филмот, меѓу кои и поп-пејачката Лејди Гага, која ја игра Патриша Регани, вдовицата на славната Маурусија Гучи.

Гага на црвениот тепих пристигна во виолетова, лелеава тоалета на Гучи. Со руса коса и црни чизми пејачката и актерка се прошета до салата во која се одржуваше филмот.

„Долгоочекуваното враќање на Лејди Гага на филмското платно изгледа магично“, рече Хафпост во својата прва рецензија за филмот.

Магазинот Esquire наведува дека филмот носи драма, сјај, гламур и спектакл и дека Гага сигурно ќе добие втора номинација за главна актерка во филмот.

AwardsWatch исто така наведува дека улогата како Патриша Реган, на поп-ѕвезда со сигурност може да и донесе номинација за Оскар.

„Гага е родена за улогата на Патриша Регани“, изјави Е.Т.

Вог наведува и дека филмот, но и Гага, содржи „се што очекуваш и повеќе од тоа“.

Ова ќе биде втора главна улога за Лејди Гага во филмот. Таа веќе ја доби номинацијата за најдобра главна актерка со учеството во филмот „Ѕвездата е родена“ со Бредли Купер.

Во главните улоги се и Ал Пачино, Салма Хајек и Адам Драјвер.