Лени Кравиц прошета низ Чаршија и објави видео од Скопје: Најубав ден за среќавање со прекрасни луѓе

ИЗВОРСкопје24
|

Светски познатиот музичар Лени Кравиц пристигна во нашата земја, два дена порано пред долгонајавуваниот концерт закажан на 3 мај во ВИП арената „Борис Трајковски“.

Американскиот пејач, автор, актер и продуцент на изненадување на неговите фанови прошета низ Старата скопска чаршија, се фотографираше, делеше автограми, пееше со деца.

-Прекрасен ден поминат со преубави луѓе- напиша тој под видеото од Скопје.

Skopje, Macedonia. Old Bazaar. The most wonderful day meeting beautiful people. #heretolove

Gepostet von Lenny Kravitz am Donnerstag, 2. Mai 2019

Во рамки на европската турнеја која е по повод излегувањето на новиот албум „Raise Vibration”, LENNY KRAVITZ ќе го посети и Скопје на 3 мај во ВИП Арената.

Од сите земји во регионот, Скопје и Софија се единствените градови каде фановите ќе имаат шанса да го видат неверојатното шоу на Lenny Kravitz во indoor амбиент.

За ексклузивноста на скопското шоу доволно говори и фактот што во оваа турнеја не се опфатени градови како што се Белград, Загреб и Атина.

После минатиот албум „Strut” кој што беше навистина извонреден, никој не очекуваше дека Lenny во толку краток период ќе се појави со уште едно толку квалитетно дело, но сепак “Raise Vibration” е на ниво на неговите најдобри албуми досега, а последниот радиски хит “Low” им е веќе добро познат на сите.

Концертите на Lenny Kravitz влегуваат во оние настани што се MUST SEE BEFORE YOU DIE бидејќи претставуваат врв во концертната лајв индустрија.

„American Woman”, „Are You Gonna Go My Way”, „Believe”, „Fly Away”, „Again”, „Let Love Rule”, „Chamber”, се само дел од хитовите кои ќе имаме можност да ги слушнеме во Скопје, во сала со капацитет од 8.000 посетители.