Глумецот Леонардо ди Каприо и неговата 23 години помлада девојка Камил Морон ќе се венчаат, пренесуваат светските медиуми.
Порталот „People“ објави информации од извор близок на парот.
– Тој обично е многу независен и поголемиот дел од времето го поминува со своите пријатели. Поради карантинот, сега во најголем дел е со Камил и сака да биде со неа, вели еден извор.
Друг додава: – Многу се блиски, Лео поминува 24 часа дневно, 7 дена неделно со неа во својата куќа веќе неколку месеци.
Се чини дека на омилениот глумец, кој освен по своите филмски успеси е познат и по енормните напори кои ги вложува во зачувувањето на околината, во љубовта му цветаат рози.