Лепа Брена и Боба Живојиновиќ излегоа на вечера со неговата поранешна сопруга, мајката на Филип Живојиновиќ (ФОТО)

ИЗВОРСкопје24
|

Лепа Брена и Боба Живојиновиќ важат за еден од најскладните бракови на српската естрада.

И додека на почетокот, во медиумите ги разведуваа тие се заедно повеќе од 30 години.

Периодов се многу радосни бидејќи синот на Боба од првиот брак, Филип Живојиновиќ доби син, а Боба стана дедо.

Иако често во меидумите се пишуваше дека сегашната сопруга на Лепа Брена и неговата бивша Зорица, не се во добри односи, тие не се огласуваа по овие пишувања.

Дека тоа не е точно и потврдува најновата фотографија. Имено, Брена и Боба моментално се во Мадрид, а таму излегоа на вечера со Зорица Накиќ и нејзиниот сегашен сопруг Иван Накиќ.

„Фамилијарно“ напиша Брена во описот на фотографијата.

Голем базен и модерен екстериер: Ѕирнете во луксузниот двор на Лепа Брена каде таа се релаксира

Пејалката пред некое време објави фотографија облечена во кежуал облека, тренерски, очила за сонце, но и додека медитираше и уживаше во цвеќето кое процветало во нејзиниот двор. Друштво и правеш синот Виктор со кој разговарале за здрава искрана.

-Најпосле повторно сонце и навистина уживам во денешниот ден. Опуштена сум и ги полнам батериите за сите работни активности кои ме очекуваат – вели балканската ѕвезда која за своите следбеници го покажа луксузниот двор кој изобилува со зеленило, цвеќе, има базен и модерен екстериер.