Лепа Брена крадела струја: Покрената истрага за семејството Живојиновиќ на Дедиње

ИЗВОРСкопје24
|

После објавата дека сопствениците на ресторанот „Три точки“ крадат струја на начин што се нелегално приклучени на електромрежата, а претходно се исклучени поради долг, ЕПС покрена детална истрага.


Како што на многумина им е познато сопствениците на објектот се Лепа Брена, Филип Живојиновиќ и неговата сопруга Александра Пријовиќ.


Од ЕПС наведоа дека поради законските павила неможат да дадат конкретен одговор, но кажаа дека во одредени ситуации полицијата е вклучена.
Поради законските ограничувања Законот за заштита на податоци, ЕПС нема право да објавува имиња и податоци на оние кои неовластено користат електрична енергија, но во соработка со полицијата интензивно се работи на расветлување на овој случај и покренување на кривична пријава. ЕПС има еднаков однос кон сите свои корисниц и неовластени потрошувачи на електрична енергија.
За оние за кои ќе се утврди дека им помагале на семејството Живојиновиќ во крадењето на струја следува мерка отпуштање од работното место.


Веднаш откако се слишна за овој случај покрената е истрага а за се е известена и полицијата, бидејќи крадењто струја на овој начин е кривично дело. Кој и да и помагал на Лепа Брена и на нејзиното семјество ќе биде санкциониран.
Големата сметка за струја во ресторанот „Три точки“ не е навремено платена, па ЕПС им ја исклучи струјата. Сепак, сопствениците нелегално се приклучиле.


Во текот на денот во ресторанот е затекнато осветлување и неколку гости. Освен тоа клима уредите работеле а зебележано е дека на струјното броило стоел катанец. Кленерот нерасположено кажал дека никој од менаџерите моментално не е во објекот за да раскаже нешто повеќе.