Лепа Брена не е единствената: И Боба беше во прегратките на оваа позната пејачка (ФОТО)

ИЗВОРНов Лист
|

Кон крајот на осумдесеттите години на минатиот век, Боба Живојиновиќ беше еден од најпосакуваните мажи на регионот.

А, на тогаш успешниот тенисер му се восхитуваа и убавиците ширум светот, меѓу кои беше и принцезата Дијана, за која своевремено зборуваше Живојиновиќ.

Но, тој одлучи да го помине животот со најголемата југословенска ѕвезда Лепа Брена.

Иако тој и Брена се венчаа во деведесет и првата година, Боба сепак имаше свои афери, но ниедна никогаш не беше докажана.

Често беше виден во друштво на убавици, но тие беа главно пријатели на неговото семејство. А една од нив е Драгана Мирковиќ, долгогодишна пријателка на неговата сопруга.

Брена порано се дружеше само со Драгана, но сега овие две фолк диви се дружат како семејство.

Покрај дружењето во Виена и Белград, семејствата Живојиновиќ и Бијелиќ често се среќаваат и на патувања во кои уживаат и двата парови.

Се чини дека ова е единственото пријателство на сцената кое никогаш не го следеле грди приказни, така што овие две големи фолк ѕвезди навистина се сакаат, почитуваат и поддржуваат со децении.