Лепа Брена откри се за повлекувањето од сцената и новиот проект: Поврзан е само со жени

ИЗВОРНов Лист
|

Веднаш штом слета на белградскиот аеродром и се врати во Србија, фолк дивата Лепа Брена по два дена ги спакува куферите и со сопругот Бобo Живојиновиќ отпатува на нова дестинација.

– Сега живеам со куфери кои постојано ги препакувам. Мајами и Монте Карло се најчестите дестинации, но сакам да дојдам во Белград да се видам со моите деца, пријатели, внуци, да се вратам на моите корени и да направам план што и како понатаму. Сега не патувам во Америка или Монте Карло, тоа е трета дестинација и не можам да зборувам за тоа, но напролет ќе можам – изјави искрено фолк дивата.

Пејачката не крие дека уживала во овој период и дека слободното време го користела за некои работи за кои досега немала време.

– Каде и да одам јас сум опуштен и ресетиран, а за тоа треба да си здрав во главата и тоа е суштината на мојата приказна. Се чувствувам добро насекаде. Ми недостига публиката и песната, но овaa  ситуација од година ипол ми е многу пријатна. Да не беше оваа ситуација, немаше да можам да си го проверам здравјето и да се подготвам за нови потфати – објаснува Брена и ги открива плановите за следната година:

– Работам на проект поврзан со женската убавина и навистина се радувам на него. Не размислувам да се повлечам од сцената, туку првпат уживам во одморот, а проблем ми е што сум навикната да работам многу. Секогаш нешто правам, мозокот не може да не ми работи – изјави таа.