Лепа Брена издвои милиони – Пејачката по Гранд подготвува нов проект, еве што гради

ИЗВОРНов Лист
|

Откако го продаде својот удел во Гранд продукција, Лепа Брена долго време криеше на што планира да ги потроши тие пари, а сега откриваме каков е проектот на пејачката.

Саша Поповиќ и Лепа Брена неодамна го продадоа својот удел во продукцијата „Гранд“ за по неверојатни 15 милиони евра, а Саша Поповиќ веќе реши со тие пари да инвестира во недвижнини, додека пејачката реши да започне нов бизнис.

Брена долго време го криеше својот проект, а сега откри дека планира да изгради ски-центар и хотел на Требевиќ над Сараево. Кон крајот на јануари таа и нејзиниот сопруг Слободан Боба Живојиновиќ ќе застанат во Сараево за да склучат конечен договор со властите во општина Источен Стари Град.

Скијачката патека треба да се протега од репетитор до Брус, а до неа е планиран хотел. Инфраструктурниот проект е планиран во рамките на паркот на природата Требевиќ, а предвидено е ски-центарот да има две патеки долги 700 метри со еден ски-лифт.