Лепа Брена во интервју откри детали од својот приватен живот пред да стане позната.
Таа откри детали за човекот кој и ја предвидел иднината.
Имено, таа откри дека непознат човек пристигнал во нејзиниот дом во Брчко кој и предвидел дека ќе биде позната.
„Седевме и појадувавме кај сосетката, тогаш дојде еден стар господин и побара чаша вода. Станав да му помогнам, донесов чаша вода и столица да седне. Му понудив да јаде и тој ја започна приказната. И се обрати на мојата мајка и кажа: „Претпоставувам дека тоа е вашата ќерка. Како што е познат Тито , така ќе биде позната и таа“. Помислив дека зборува глупости. Тогаш се сврте кон мене и ми кажа: “Не сум луд, знам што мислиш. Ќе бидеш многу успешна жена. На шега го прашав дали ќе имам пари како Тито, а тој ми одговори дека многу ќе патувам и ќе бидам богата“ вели Брена.
Брена вели дека тогаш не му поверувала бидејќи мислела дека некој кој не е дете на успешни родители не може да постигне голем успех.
„Не му поверував ни збор. И понатаму одев на улилиште и се запишав на факултет. Студирав шест месеци и тогаш првпат почувствував што значи да си гладен, како студент да спиете во студена соба. Прв пат бев пријатели. Тогаш сфатив што значи моето семејство, мојот град, моето друштво…Како студент немав пари за три оброци.Парите кои ми ги праќаа родителите ги штедев за да можам да одам на екскурзија. Једев леб, јогурт и паштети.Тоа траеше шест месеци. Тогаш одлучив дека не можам така да живеам и одлучив да работам.Кај нас беше нормално да се освестиш на 19, 20 години и да почнеш да работиш. Еден ден, се вратив тажна во Брчко го запознав „Слатки грех“ и отпеав неколку песни. По два месеци ми се јавија и тогаш почнав да настапувам со нив“ вели пејачката.
Брена денес е една од најуспшените пејачки во регионот и еден од сопствениците на „Гранд продукција“.
Извор: vistina.mk