Пејачката Лепа Брена и нејзиниот сопруг Боба Живојиновиќ се во домашен карантин откако пред една недела се вратија од Монако каде поминаа три дена.
Веднаш по пристигнувањето во Србија им било измерена температурата како би се потврдило дали имаат симптоми. Иако резултатите биле негативни парот се затвори во својот дом во наредните 14 дена.
Таа ги повикала и своите синови да се вратат веднаш дома и да се самоизолираат и никаде да не излегуваат, пишуваат српските медиуми.
-Не треба да бидете во паника, но треба да бидете одговорни кон себе и кон другите. Вир*сот се шири таму каде што не го сфатија сериозно и каде луѓето не се придржуваат на хигиенските услови и социјална култура вели Брена.
Пејачката додава дека целата нивна куќа е дезинфицирана.