Лесен и брз рецепт: Направете пица во форма на срце со кој ќе ја изненадите саканата личност

|

Денеска можете да ја изненадите саканата личност со вечера во форма на срце.

За да ја подготвите оваа пица нема да ви требаат особени вештини. Доволно е да набавите готово тесто за пица и состојките што сакате да ги ставите на неа.

Пица со повеќе сирења, со печурки и шунка, или вегетаријанска варијанта со моцарела и босилок… Омилената пица на вашата сакана личност ќе биде совршено изненадување за Денот на вљубените, а истата можете да ја обликувате во форма на срце.

Во продолжение проследете го „чекор по чекор“ упатството за подготовка на тесто за пица во форма на срце.

Начин на подготовка:
Рерната се загрева на 200 степени Целзиусови.
На обложен плех со хартија се става готовото тесто за пица.
Готовото тесто се истегнува со сукало и со нож се засекува во форма на пица, како на фотографијата.

Тестото се премачкува со сос од домати, а потоа се редат состојките.

Дополнително, доколку користите сувомеснати производи за пицата можете место во крукчиња, да ги обликувате во форма на срце.

Готовата пица се пече на температура од 200 степени Целзиусови околу 20 минути, или додека тестото не добие златно кафеава боја.
Како да го обликувате тестото во форма на срце можете да видите подетално и во приложеното видео: