Одличен и здрав пролетен и летен оброк. Искористете ја сезоната на тиквички и домати кои ќе можеме да ги консумираме цело лето.
Состојки: – 4 тиквички – 4 домати – 150 гр. кисела павлака – 200 гр. сирење – 2 чешниња лук – малку масло – сол, бибер – свеж зачин – свеж магдонос.
Подготовка: Доматите и тиквичките се мијат и се сечат на кругови, па се посолуваат и се оставаат десетина минути. Огноотпорниот сад намачкајте го со масло, па наредете ги тиквичките, па доматот. Посипете сè со зачини по вкус.
Лукот исечкајте го на ситни парчиња, па измешајте го со павлаката и посолете малку. Промешајте, па премачкајте ги тиквичките и доматите.
Сирењето се ренда, па се посипува врз подготвеното јадење.
Се пече во рерна на 180 степени, околу 45 минути.
На здравје!