Лесен оброк кој ќе ве освежи во текот на летните денови.
Потребни состојки: 250 грама тестенини по избор, 400 грама пилешко бело месо, 2 дланки млад спанаќ, 2 свежи пиперки, 5 шери домати, 10 маслинки без семки, 50 грама горгонзола, маслиново масло, сенф, оцет и сув зачин по желба.
Начин на подготовка: Маринирајте го пилешкото месо во маслиново масло и омилените зачини. Нека постои половина час, па пржете го месото на грил тава.
Пилешкото немојте веднаш да го сечете, оставете го 15 минути на страна за сите сокови од месото останат внатре додека не се олади.
Сварете ги тестенините во зовриена вода во која сте додале сол. По варењето исцедете ги, па ставете ги во подлабок сад. Додадете млад спанаќ, исечени пиперка и шери домати, маслинките цели и без семки, горгонзола сирењето и пилешкото месо. Посипете со свеж магдонос.
Подгответе го преливот од маслиново масло, сенф, оцет и омилените зачини. Прелијте над салатата и добро измешајте.
Ставете ја салатата во фрижидер најмалку еден час пред да ја послужите.