Лето 2020: Еве кога туристите ќе можат да одат во Грција

|

Туристите во Грција повторно ќе можат да одат почнувајќи од јули годинава, потврдуваат од грчката влада. Оттаму велат дека за туризмот ќе се отворат од 1 јули и додаваат дека деталите за повторното стартување на грчката туристичка индустрија, вклучувајќи ја и финансиската поддршка, ќе бидат утврдени на 15 мај.

Но, најпрвин мора да се утврдат протоколите за безбедно патување. Туристичката индустрија создава 30% од грчкиот БДП и дава најголем поединечен придонес во буџетот. Грција со приватизацијата на државен имот годинава ќе собере само дел од зацртаните приходи поради падот на цените под влијание на пандемијата на корона вирусот, кој ги принуди на одложување на планираната продажба.

Атина годинава очекува приходи од приватизација од 350 до 400 милиони евра, што е значително помалку од очекуваните 2,4 милијарди евра.

Бројни се претпоставките за тоа како ќе изгледаат плажите по настанатата ситуација, а на социјалните мрежи се појавија фотографии од новата уредена плажа на Глифада во Атина.

Местата за одмор не се оградени со плексиглас, но на фотографијата се гледа дека чадорите се на безбедно растојание едни од други.

Јавната плажа во Глифада се наоѓа во северниот дел на градот, а всушност се две плажи поделени со мал теснец на кој има ноќен клуб и ресторан. Двете плажи се долги, а во близина има многу продавници, кафулиња и ресторани.

Досега оваа плажа беше неорганизирана и неуредена, немаше кафулиња со чадори и лежалки, само неколку чадори.

Сега има чадори кои се поставени на безбедно растојание, нанесен е нов песок, а плажата има сино знаме.