|
Летото е на прагот, па доколку се размислувате каде да одите на летување оваа година, на ум треба да имате дека цените насекаде се зголемени, па ни Хрватска не е воопшто евтина.
Сè поголеми поскапувања се забележуваат низ хрватските маркети, но нов удар доаѓа и од слаткарниците, пренесува „Слободна Далмација“, чии репортери прошетаа по крајбрежјето за да ги проверат овогодинешните цени на сладоледите.
Верувале или не, топка сладолед поевтина од 80 денари во Хрватска не може да се најде. Цените се движат од 80 до 120 денари за едно топче, а рекордот го има Сплит каде платиле 130 денари.