“Левица“ ќе организира протест за поддршка на Ламбе Алабаковски

|

Топ тема во медиумите денеска е веста за приведувањето на пејачот Ламбе Алабаковски кој е обвинет за палењето на влезната врата на културниот центар Ванчо Михајлов во Битола.

Случајот со Алабаковски предизвика бурни реакции во јавноста, поголемиот дел од јавноста застана во одбрана на пејачот, а исто така се огласија и дел од партиите. Од политичката партија Левица најавуваат протест во Битола за поддршка на Алабакоски.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека не поддржуваат никаков вид на на* илство, но воедно потенциираат дека „ин цидентот во Битола е реакција на акцијата на власта поврзана со распродавањето на државните и национални интреси.“

Адвокатот Драган Пешевски преку статус на Фејсбук објави дека тој и адвокатот Јанаки Митровски јавно се пријавуваат за бесплатна одбрана на пејачот Ламбе Алабаковски.

– Ja и Janaki Mitrovski јавно се пријавуваме за pro bono одбрана на Ламбе!!! Нека разберат клетите фаш исти!!!, стои во неговата објава на Фејсбук.