Лежат со мене во болница: Ѓорѓе Давид откри дека многу познати кријат дека се заболени

ИЗВОРСкопје24
|

Српскиот музичар Ѓорѓе Давид , и член на жирито на шоуто „Ѕвездите на Гранд“ е еден од заболените во Србија и сместен е на пулмологија во Клиничкиот центар во Белград.

Тој шокираше со изјавата дека многу познати кријат дека се зарзени, а дека тој е еден од оние храбрите кој истапи и ја кажа вистината.

„Многумина познати кријат дека се заразени, а лежат со мене во болница“- наводно рекол тој, пренесува Информер. Остана непознато кои јавни личности се во прашање.

Ѓорге Давид, вели дека поради природата на неговата работа многу патувал, а тоа значело и контакти со многу луѓе. Тој често доаѓал и во Македонија и се фотографирал и разговарал со многу луѓе.

Направив преку 2.000 километри токму во периодот од 11 до 14 јануари низ Македонија и низ цела јужна Србија, апсолутно сигурен дека возејќи се во својот автомобил и контактирајќи ги луѓето на начин на кој ги контактирав мислев дека сум заштитен – во смисол не влегувам во толпа. А, потоа го вратив филмот и сфатив дека тие денови бев во контакт со најмалку 500 луѓе. Како некој кој е свесен за природата на својата работа, кој и да ми пријдеше во Македонија се фотографирав – вели Давид.