Лидија има потреба од наша помош: Донирајте и споделете го овој апел

|

Лидија Ристевска боледува од прогресивна “мultiplex ѕcleroza“ која и предизвикува квадриплегија на сите четири екстремитети, како и тешкотии при голтање и дишење и многу останати тешки симптоми.

Во институт во Санкт Петерсбург, Русија, понудено и е лекување кое ќе и ја подобри значително состојбата, кое чини 8.000 евра, само за првиот третман.

Тоа ќе биде подолготраен процес и ќе треба да се оди неколку пати. Но, сега сакаме да упатиме апел за помош за првиот третман. Тие средства не може сама да ги обезбеди, па затоа ги молиме сите хумани луѓе да донираат онолку колку што можат за нејзино лекување. Предвреме ви упатуваме голема благодарност до сите, за заедно да спасиме нечиј живот, информираат нејзините најблиски.

Денарска сметка за донации: 500600016598443, Стопанска банка Битола.

Девизна сметка: IBAN MK07500080003654013 SWIFT CODE STBBMK22 – Стопанска банка АД Битола.

Донациски број од “Т-мобиле“ 143-121, 100 денари.

Донациски број од “Вип” 143 474, 100 денари.