Жена од Кочани за заем од 50 евра наплатила речиси 1.000

ИЗВОРНов Лист
|

Одделението за внатрешни работи Кочани до Основно јавно обвинителство Кочани поднело кривична пријава против С.И.(43) од Кочани, поради постоење основи на сомнение дека сторила кривично дело „лихварство“ предвидено во член 260 став 1 од Кривичниот законик.

Во месец октомври 2018 година, пријавената на женско лице од Кочани ѝ дала на заем 50 евра, а за услугата договорила за себе 1.500 денари месечна камата сѐ до враќање на главниот долг.

Искористувајќи ја тешката имотна состојба и потребата на пријавителката, С.И. во периодот од ноември 2018 до март 2022 година остварила противправна имотна корист во износ од 33.000 денари и предмет во вредност од 20.700 денари. Односно, оштетената за заем од 50 евра на пријавената ѝ вратила 53.700 денари.