Познатата македонска ТВ водителка, Лила Филиповска повторно е мета на „кражба“. Имено неименувана интернет страна без одобрение на Лила зема нејзина слика од Инстаграм на која водителката позира со брендирани очила за сонце и ги претставува како евтино парче од само 6 долари. Слика која несомнено го нарушува угледот на познатата водителка. Сликата веднаш осамна на нејзиниот Инстаграм профил со текст: „ Оваа слика е земена од мојот Инстаграм профил без мое одобрение. И овие наочари се Том Форд од „Zeiss Monokl„ а не некоја измислена фирма од 6 долари. Се надевам дека мојот адвокат ќе успее да го реши ова по легален пат„ .