Лила како Фрида Кало (ФОТО)

ИЗВОРСкопје24
|

Водителката Лила Филиповска повторно го привлече вниманието на фановите, откако објави нова фотографија на Инстаграм.

Овој пат во стилот на Фрида Кало, познатата мексиканска сликарка, која во филм ја играше Селма Хајек, Лила го испромовира прекрасниот накит на Адор Голд, кој на неа изгледаше уште повеличенствено.

Лила одамна важи за една од најпознатите инфлуенсерки кај нас со над 100.000 илјади следбеници на Инстаграм.

Магдалена Кармен Фрида Кало и Калдерон, интригантната хероина, жена и сликарка е родена на 6 јули 1907 во сопствениот дом „Сината куќа“ (La Casa Azul) во едно предградие на Мексико Сити. Таа водела богат и исполнет живот, приредувајќи забави на кои сакала да ги шокира гостите и да раскажува непристојни шеги кои не биле типични за жените во тоа време. Била најголемата ѕвезда на мексиканската општествена сцена во 1930-те и 40-те години, одушевувајќи ги луѓето околу себе со својата харизма. Во Франција се спријателила со Пикасо и позирала за насловната страница на Вог.