Нашата најпозната водителка и најуспешна инфлуенсерка веќе години наназад, Лила Филиповска, секогаш знае како да го сврти вниманието на јавноста, но и добро да го продаде производот кој го рекламира.
Илјадници девојки го следат нејзиниот пример кога е модата и убавината во прашање, а тоа воопшто не е чудно со оглед на тоа дека Лила изгледа барем 20 години помладо и секогаш изненадува со шик комбинации.
Згодната водителка во последно време можеме да ја видиме како изгледа во убавите и удобни ноќници од новиот ексклузивен бренд за луксузна долна облека “Esotiq” кои од неодамна дојдоа на македонскиот пазар.
Кога е удобноста во прашање секоја жена би се сложила дека е таа е на прво место, но исто така е важно да се чувствувате заводливо, женствено и убаво во своја кожа.
Според она што можеме да го видиме од фотографиите на нашата Лила, парчињата облека на “Esotiq” ги исполнуваат сите параметри и изгледаат неверојатно добро на секоја жена со одличен вкус.