Лилјана од филмот „Тома“ откри дека со години се бори со нарушување кои и создава проблеми. Имено глумицата Паулина Манов има дислексија, нарушување во читањето или разбирањето на прочитаното, а сето тоа ја носи во непијатна ситуација.
“Секој пат кога некој ќе ме прозива многу ми е проблем. Се чувствувам многу непријатно и тешко ми е кога морам јавно да читам непознат текст. Кога ќе налетам на подолг збор, го читам првиот слог и не гледам ништо понатаму”, објаснила глумицата за Радио телевизија Србија.
Иако ја нема таа дијагноза, бидејќи во нејзино време се тврдело дека не се знаело дали постои дислексија, за глумицата тоа е многу стресно.
“Претходно се сметало дека не знаеш да читаш и тоа е тоа. Но, кога имаме проби тоа е секогаш непријатно. Се препотувам и се гледам во очите на колегите и режисерите дека си мислат ‘Колку се зезнавме. Кој ја повика оваа жена, па таа не знае ниту да чита, а не да глуми”, рекла Паулина.
Сепак, со својот проблем глумицата успева да излезе на крај.
“Јас глумам дека читам. Всушност, учам на памет и потоа ‘Аха, јас знам дека убаво читам’.