Љуба ја накити елката со банкноти од 500 евра – еве колку пари „потрошила“ на неа

ИЗВОРНов Лист
|

Постои верување дека елката треба да биде украсена со една банкнота, симболично, за да има пари во следната година

Поранешната учесничка во реалното шоу Љуба Пантовиќ покажа како изгледа празничната атмосфера во нејзиниот семеен дом.

Љуба ја украси елката, но покрај разни украси и лампиони, имаше и еден посебен детаљ.

Поранешната учесничка на реалното шоу ја накити елката со банкноти од 500 евра, а според она што може да се види на фотографијата што ја објави, елката е украсена со 2.500 евра.

Според верувањето дека елката треба да биде украсена со една банкнота, симболично, за да има пари во наредната година, Љуба очигледно нема да има проблем со финансиите во 2022 година.