Кога некој би ви рекол да одберете меѓу љубовта или парите, што би одбрале? Факт е дека некои луѓе полесно се остваруваат во работата и финансиите знаат да ги држат под контрола, а можеби и парите ги усреќуваат. Други не сакаат да се грижат премногу за пари, па минуваат низ животот водејќи се со срцето.
Кога станува збор за хороскопските знаци, има и такви кои ги ставаат парите пред љубовта. Еве за кои станува збор:
Бик
Кога Биковите би морале да одберат меѓу љубов или пари, би ги одбрале двете, но, парите им се поважни. Никогаш не е лесно, но знаат дека од љубов не се живее. Биковите гледаат на парите како на стабилност, подлога за живот. Никогаш не можат да се потпрат на партнерот бидејќи не веруваат дека постои некој доволно силен за нив.
Лав
Лавовите за себе го сакаат најскапото и најубавото. Сакаат да си угодуваат себеси и не штедат за да ги задоволат личните потреби. Не им е потребна саканата личност ако имаат пари, бидејќи секогаш се среќни. Сепак, Лавот како фиксен знак, тешко се адаптира и додека не мора да биде во врска или не ги стави туѓите потреби пред своите, секогаш ќе ги бира парите.
Стрелец
Стрелците не се љубители на врски, се плашат од врзување. Сепак, ако мораат да бираат меѓу љубов, партнерство или пари, нема да се двоумат ни за секунда. Парите се секогаш добар извор на забава и секогаш се среќни кога ги имаат, иако брзо и ги трошат.
Не сакаат да зависат од никого, па кога ќе изберат љубов, партнерот мора да биде посебна личност.
Близнаци
Со нив е забавно да се биде во врска, но сепак, ако имаат пари можат да си дозволат себеси да си купат сè што ќе посакаат и да бидат постојано среќни. Во љубовта нема гаранции, на парите гледаат како на пријател. Некогаш им е полесно да се посветат на работата и заработката, бидејќи во љубовта мора да се обврзат, а тоа не мораат кога се во прашање парите.
Близнаците се големи деца и никогаш не пораснуваат, затоа подобро се чувствуваат кога имаат стабилна работа, а за љубов секогаш има време.
Јарец
Јарците се практични, важно им е се да е стабилно во деловниот живот, па и финансиската состојба. Додека не ги стекнат сите услови за идеален живот парите се на првото место. Дури и кога влегуваат во врска ќе проверат како потенцијалниот партнер стои со финансии и како напредува во кариерата. Јарецот се врзува за една личност цел живот, евентуално две, така што додека не се случи тоа, секога на прво место ќе им биде само заработката.