Љубов која не познава граници: Мајка на слепo синче ги коментира сите мечеви на саканиот клуб (ВИДЕО)

ИЗВОРСкопје24
|

Исклучиво емотивни слики од еден фудбалски меч во Бразил го обиколија светот. Големото тамошно дерби помеѓу Палмеирас и Коринтијанс се најде во очите на светската јавност поради една дирлива сцена која беше снимена на трибините на стадионто во Сао Пауло.

На победата на Палмеирас се радуваше 11-годишниот Николас Греко кој дојде на стадион да го поддржи омилениот клуб иако е слеп. Николас со својата мајка Силвија го следеше мечот, а таа во текот на сите 90 минута симултано му раскажуваше за секој детали и се трудеше максимално да му ги долови случувањата на теренот.

Тие веднаш привлекоа големо внимание кај камерманите, па сликата на пожртвуваната мјака и синот беа повпечатливи од самиот меч.

Николас е инаку со 90 % оштетен вид и боледува од аутизам. Луѓето од Палмеирас длабоко ги погоди оваа сцена па веднаш ја најдоа мајката и синот и ги поканија да бидат нивни гости. Младото момче така доби шанса да зачекори на теренот на кој играт неговиите идоли. По ова гостуваа на неколку ТВ емисии.