Љубовен хороскоп за април

|

Овен


Оние кои се во врска треба да ја искористат оваа пролет за целосно да се посветат на партнерот. Обидете се да направите подлабока и посилна врска. Слободните имаат големи шанси да стапат во врска на крајот на месецот, а партнерот можат да го запознаат и на краток пролетен одмор.

Бик


Љубовта тропа на вашата врата! Личноста е тука во вашата непосредна околина, само треба да се опуштите и да го почувствувате тоа! Биковите кои се во врска може да имаат поголеми дискусии со партнерот за пари.

Близнаци


Слободните ќе уживаат во друштво на пријатели и убава пролетна енергија. Зафатените пленат и доминираат што го привлекува окото, па може да се појават сериозни љубоморни сцени.

Рак


Оние кои се во врска се чувствуваат изолирано. Како да не го добивате потребното внимание од партнерот. Разговарајте искрено и работите се менуваат. Слободните оваа полет можат да се фокусираат на личниот развој и кариера.

Лав


Слободните ќе имаат драматична средба со личност од минатото. Се’ зависи од вас! Зафатените ќе имаат прекрасна енергија со партнерот. Планирајте патувања и уживајте во љубовта.

Девица


Слободните на почетокот на месецот преку работа или бизнис колеги ќе запознаат многу интересна личност. Зафатените се посветени на партнерот, домот и семејството. Енергијата на пролетта ви носи многу убави и романтични моменти.

Терезија


Оние кои се во врска ќе бидат посветени на практичниот доказ за љубовта! Слододните ќе имаат многу додворувања, но вие лично чувствувате некој страв и додека не се ослободите од него ништо ново нема да ви влезе во животот.

Скорпија


Зафатените ќе имаат големи љубоморни кавги со партнерот. Може дури да дојде и до раскинување. Ако можете, разговарајте со партнерот на смирен начин. Слободните сигурно влегуваат во врска, но за некои таа врска ќе биде краткотрајна.

Стрелец


Слободните само ќе флертуваат и ќе даваат лажна надеж. Пролетта започна, опуштени сте и не сакате да се врзувате. Зафатените после долго време ги решаваат сите несогласувања и започнува убава енергија во која ќе уживате и’ вие ​​и вашиот партнер.

Јарец


Слободните Јарци се фокусирани исклучиво на работата и кариерата. Едни очи ве гледаат со копнеж, разбудете се! Зафатените луѓе имаат стабилен однос со партнерот и тоа ви е најважно.

Водолија


Слободните Водолии ќе имаат уште повеќе додворувачи, па може да се случи да влезат во повеќе паралелни врски. Слободно правете го она што ве исполнува. Зафатените луѓе имаат мир и спокојство со партнерот. Некои ќе започнат со реновирање на просторот за живеење.

Риби


Зафатените Риби планираат прекрасен пролетен одмор на некоја далечна дестинација. Вие сте целосно свртени кон тоа. Слободните Риби влегуваат во врска во средината на месецот и таа врска донекаде ја крои вашата судбина. Со среќа!