Што ќе ви донесе месец јули на поле љубов – летни авантури, емотивна стабилност или раскинување?
Што може да очекува секој хороскопски знак од седмиот месец во годината?
Овен
Ако сте во врска:
Почетокот на јули ќе ви донесе нови возбуди и ќе го направи вашиот живот подинамичен од вообичаено. Може да добиете интересни понуди и идеи за заеднички живот. Ќе внесете нешто ново во врската, што ќе резултира со радост и свежина по подолг период на монотонија.
Втората половина од месецот сепак ќе ви донесе мали незадоволства, бидејќи работата и разните обврски ќе ви го одземаат времето кое сакате да го посветите на партнерот. Сепак, месецот ќе заврши со кратко патување.
Ако сте слободни:
Во јули, во вас ќе се разбуди желбата конечно да се смирите и да најдете лице за сериозна врска. Ќе запознаете личност која ќе делува идеална за тоа, ќе ви биде релативно лесно да го привлечете вниманието и кон средината на месецот ќе започнете врска.
За жал, многу брзо ќе дојдат до израз спротивностите кои ги имате со таа личност. Ќе ги надминете силните страсти кои ги чувствувавте на почетокот, па авантурата брзо ќе заврши. Не се разочарувајте, ќе имате други шанси.
Бик
Ако сте во врска:
Почетокот на месецот ќе донесе мали немири во односите. Вашето отсуство, психичко и физичко, ќе биде причина зошто ќе се соочите со конфликти со саканата личност. Ако сте подготвени да се прилагодите и да промените некои навики, ќе најдете заеднички јазик. Повеќе разговарајте.
Втората половина од месецот ќе ви го појача незадоволството и главно ќе ви биде потребен компромис за да успеете да останете заедно. Дури кон крајот на месецот и двајцата ќе откриете што е неопходно за врската да биде повторно среќна и хармонична.
Ако сте слободни:
Ќе чувствувате дека ви треба повеќе време сами со себе и полека ќе се оддалечувате од луѓето кои не ви носат мир и немате заеднички теми за разговор. Кон средината на јули на забава ќе запознаете лице кое ќе ви се допадне. Низ разговор ќе сфатите дека ве привлекуваат исти работи.
Настапот, изгледот и начинот на комуникација на лицето ќе ви остави силен впечаток. Ќе почнете да се гледате, а во наредниот период можно е и нешто посериозно.
Близнаци
Ако сте во врска:
Јули ќе ви донесе повеќе забава, заеднички моменти и активности, како и квалитетно поминато време со саканата личност. Првата половина од месецот добро е да се посветите на заедничките цели. Успешно ќе ги усогласите силите и желбите за да ги остварите.
Втората половина сепак може да ви донесе мали несогласувања, главно врзани за финансиите. Сепак, генерално ќе бидете задоволни од тоа како врската се одвива. Комуникацијата ќе ви се подобри, само ќе треба да бидете поголема поддршка за ангажманите на партнерот.
Ако сте слободни:
Потребата за акција и движење е појачана, па не мирувајте. На место кое поминувате многу време одеднаш ќе забележите личност која ќе ви го привлече вниманието и ќе ви се допадне. Не губете време и остварете контакт.
Иако новата симпатија ќе ви остави позитивен впечаток, на почетокот ќе ви биде тешко да договорите средба. Во третата декада на месецот конечно ќе поминете повеќе време заедно и ќе откриете дека може да прерасне во нешто повеќе од авантура.
Рак
Ако сте во врска:
Поголемиот дел од јули ќе ви донесе затегнати односи со партнерот, бидејќи имате голема разлика во ставовите. Можно е заладување на односите, па неопходно ќе биде да најдете заеднички решенија ако сакате врската да успее.
Третата декада од месецот ќе ви донесе конечно подобрување на односите. Ќе имате повеќе трпение и преку разговор ќе најдете заеднички јазик. Потребни ви се мали промени за да забележите големо подобрување. Очекувајте повеќе заеднички забави и планови.
Ако сте слободни:
На почетокот на јули ќе ве привлече атрактивна личност. Освен во физичкиот изглед, ќе се заљубите и во начинот на комуникација, шармот и позитивната енергија која новата симпатија ја носи во себе. Ќе започнете да се гледате и да разговарате за заеднички цели.
Спонтано ќе влезете во врска и многу брзо ќе видите дека вашите очекувања се далеку поразлични од она што партнерот го нуди. Тоа ќе доведе до мали разочарувања. Кон крајот на јули ќе ви се отвори нова шанса, па треба да ја прифатите.
Лав
Ако сте во врска:
Ќе наидете на несогласувања со партнерот во врска со вашите заеднички планови. Избегнувајте да правите било што без знаење на партнерот, посебно ако се работи за флерт кој можеби за вас е безначаен. Тоа лесно може да излезе на виделина и да ја заврши врската, без оглед на тоа колку е стабилна.
Третата декада од јули ќе ви донесе разрешување на отежнатата комуникација со парнерот, како и решавање на конфликтите од почетокот на месецот. Потребни ви се повеќе заеднички, интимни моменти без трети лица.
Ако сте слободни:
На почетокот од месецот брзо ќе запловите во интимна авантура, но по само неколку гледања новата симпатија ќе ви открие дека е веќе зафатена. Предлогот да бидете во тајна врска нема да ви се допадне, но сепак ќе се согласите на овој ризик.
Внимателно, бидејќи од врската треба да излезете пред да настанат конфликти и компликации. Во третата декада на јули посветете се на забавите и излегувањата, преку кои ќе запознаете лице кое е слободно и заинтересирано за вас.
Девица
Ако сте во врска:
Потрудете се да ги исполните ветувањата кои сте ги дале на саканата личност, без одолговлекување, ако сакате хармонија. Овој месец ќе ви одговараат интимни моменти во пар, без многу гужви и собиранки. Јули е поволен период за заеднички одмор или продолжен викенд.
Повеќе посветете се на изненадувањата посветени на партнерот, бидејќи во последно време вниманието насочено кон него/неа ви е опаднато. Генерално, ако се потрудите, односот ќе ви биде стабилен и мирен.
Ако сте слободни:
Ќе запознаете личност уште на почетокот на месецот со која ќе почнете дискретно да се гледате. За кратко време ќе влезете во врска, но ќе остане тајна. Изговор ќе биде дека работите не се решени со бившиот партнер. Ќе бидете резервирани, но нема да бидете во право.
Врската ќе се покаже како складна и новиот партнер ќе има сериозни намери. Ќе бидете задоволни од текот на настаните до крајот на месецот, само потребно е отворено да зборувате и да го покажете задоволството.
Вага
Ако сте во врска:
Очекувајте динамичен почеток на месецот, што поволно ќе се одрази на љубовната врска. Почесто ќе излегувате и конечно ќе се поместите од рутината. Можни се мали несогласувања на почетокот на месецот поради претераното трошење на пари. За среќа, кавгите ќе бидат минливи.
Втората половина од месецот ви носи складни моменти и реализација на план кој одамна го имате. Имате доволно мотивација да започнете заеднички поздрави навики и да го направите заедничкото секојдневие поквалитетно. Добро би ви дошло кратко патување.
Ако сте слободни:
Ќе чувствувате потреба за излегување и дружење, а помалку ќе ве интересираат врските и потенцијалните партнери. На една забава ќе почнете да комуницирате со лице кое одамна е заинтересирано за вас.
На почетокот само ќе градите физичка близина, но кон крајот на месецот ќе ја зајакнете и емоционалната близина. Испланирајте заедничко патување и уживајте во можностите кои ви се нудат за среќа.
Скорпија
Ако сте во врска:
Почетокот на јули ќе ви донесе многу можности за патувања и одмори со партнерот. Во тоа единствено може да ве попречат работните обврски и синхронизацијата на одморите, но ако се потрудите – ќе успеете. Важно е да ги ускладите желбите за да не наидете на конфликти откако ќе стигнете на местото.
Во втората половина може да наидете на несогласувања, па дури и одложување на некои планови кои одамна ги имате како пар. За среќа, третата декада ќе ви донесе добри односи и комуникација, па ќе поминувате повеќе време заедно.
Ако сте слободни:
Ќе имате можност да запознаете интересна личност, доколку одите на патување. Можно е и личноста да не е од вашата земја, но конекција дефинитивно ќе има. Друга можност е и да влезете во неочекувана врска преку близок познаник, пријател или со запознавање преку социјални мрежи.
Без разлика што и да ви се случи од овие опции, не треба да губите време доколку лицето не ве привлече инстантно, на прв поглед.
Стрелец
Ако сте во врска:
Јули е поволен месец да ги исполните ветувањата кои одамна сте ги дале на саканата личност. Важно е да потрудите да ја подобрите и комуникацијата. Ова е од исклучителна важност, бидејќи ќе се наоѓате во неочекувани ситуации каде може до партнерот да дојдат информации кои вие сте ги премолчеле.
И покрај малите несогласувања, крајот на месецот ќе ви донесе шанси да ги исполните заедничките цели. Исто така, ќе испланирате и патување каде ќе имате многу време и шанси да се посветите еден на друг, без пречки.
Ако сте слободни:
Вашиот вроден оптимизам ќе биде појачан доколку одите на настани и се движите меѓу луѓе. Тешко дека ќе запознаете човек кој ќе ви одговара за сериозна врска, но тоа не ве обесхрабрува.
Во втората декада на јули ќе се сретнете со лице кое се разликува од сите ваши претходни партнери и токму тоа ќе ви го привлече вниманието. Лицето има силен интегритет, шири позитивен став и има авантуристички дух. Забавувајте се, без да форсирате врска.
Јарец
Ако сте во врска:
Љубовните односи ќе бидат тензични уште од самиот почеток на јуни, а посебно во втората декада. Со саканата личност ќе се најдете на спротивни страни и ставови, па нема да може да се договорите. Односите ќе се заладат и ќе се оддалечите.
Во третата декада ќе дојде до мало подобрување, со тоа што ќе успеете да постигнете договор. Од клучно значење е да ги признаете грешките, доколку сте ги направите. Покажете иницијатива за подобрувањето на односите. Не се откажувајте лесно.
Ако сте слободни:
Ќе почнете да се гледате со лице кое извесно време е во ваша близина, но никогаш не сте му посветиле доволно влијание. Ќе ви предложи тајна врска поради веќе зафатениот статус, но не смее да се согласите, иако имате многу заеднички интереси.
До крајот на месецот може да се појават емоции кон личност со која соработувате, па дури и да тргнете на заеднички патувања. Можно е да завршите во складна романтична врска.
Водолија
Ако сте во врска:
Почетокот на јули ќе ви донесе недоразбирања и затегнати односи со саканата личност. Ќе ви недостасува конекција, блискост и комуникација. Доколку сакате врската да опстои ќе мора да го промените вашето секојдневие, навиките и односот.
Третата декада ќе ви донесе динамика и промени, па ќе ѝ предложите на саканата личност некоја авантура далеку од дома. Така ќе го вратите нарушениот однос. Повеќе излегувајте и дружете се за да се врати хармонијата.
Ако сте слободни:
Преку заеднички пријател ќе запознаете лице кое ќе ве освои со својата ведрина, дух и комуникативност. Ќе почнете повеќе време да поминувате заедно и ќе се зближите повеќе отколку што планиравте.
Ќе бидете несигурни да пробате нешто повеќе од пријателство, но мора да го направите првиот чекор. Нема да се разочарате.
Риби
Ако сте во врска:
Време е овој месец да се посветите на љубовта и врската, бидејќи ја запоставивте. Неопходно е емотивно да се отворите за да ја подобрите комуникацијата и поврзаноста. Можни се мали конфузии и нескладни дискусии.
Најмногу несогласувања ќе ви донесе планирањето не секојдневието. Партнерот има поголема потреба да сте присутни до него, додека вие сакате поголема слобода. Ако го надминете овој период, крајот на јули ќе ви донесе заедничко патување и конечно усогласување.
Ако сте слободни:
Ќе имате повеќе од една можност за емотивна врска. Бар две лица ќе сакаат да бидат со вас, но ќе мора побрзо да се одлучите. Компликациите ќе настанат доколку решите да се гледате паралелно.
Третата декада на јули ќе ви донесе случајна средба со бивши партнер, па може да се решите да ја обновите врската. Ќе биде подобро овојпат.