Хитот на Тупак „All Eyez On Me“ е базиран на оваа песна.
Љубовната песна на Тупак Шакур за неговата поранешна девојка, се појави на пазарот за 95.000 долари.
Аукциската куќа Moments in Time содржи голем број историски документи, а нивната последна е досега невидена љубовна песна напишана од оваа рап легенда.
Песната е насловена „All Eye Was Lookin 4“, каде Тупак и се обраќа на поранешната девојка како Сими. Раперот ја потпиша песната „4 Simi from the heart of 2Pac“
Според TMZ, аукциската куќа тврди дека песната била во приватна колекција и дека на пазарот дебитира 26 години подоцна.
Ова не е првпат јавно да ги гледаме приватните песни на Тупак. Имено, Џејда Пинкет Смит, која била многу блиска со раперот, објавила невидена песна наречена „Изгубени души“ во видеото од сеќавањето на раперот за неговиот потенцијален 50-ти роденден.