Кумашинката на Зоран Заев, Љупка Митрова, на социјалните мрежи се пофали дека е во Брно, Чешка, заедно со тимот на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, објави Република.
Македонската делегација, на чело со министерот Љупчо Николовски, е во тридневна официјалната посета на Република Чешка, во рамките на која придружувани од пет македонски компании од агросекторот, присуствуваа и на Националниот саем за сточарство што се одржува во Брно.
Струмичанката се претставува себе како блогерка и инфуенсерка, а на „Инстаграм“, каде секојдневно објавува провокативни фотографии, има над 100 илјади следачи.
Мојата појава била инфлуентна уште кога знам за себе, од секогаш сум се издвојувала од опкружувањето. Едноставно тоа е во мојата природа, тоа сум Јас, изјави таа во интервју за „Убава.мк“.
Триесетиедногодишната Митрова е разведена и мајка на две деца. Во регионот се прослави како девојката на победникот на „Големиот брат“, кумановецот Дарко Спејко.