|
Министерот за правда, Кренар Лога на денешната владина седница се заканил дека ќе си поднесе оставка ако законот за амнестија не помине така како што стоело во предлогот на Правда, дознава Прес24.
Неофицијално, тој вербално кажал дека ако на предлог-законот за амнестија не помине на Влада, тој ќе поднесе оставка. Законот за амнестија е вратен на доработка, односно на усогласување со други институции. Ова не е првпат Лога да влезе во конфликт со Владата од која е дел.
Тој не сакаше да стави потпис на измените на Кривичниот Законик кои пратениците ги донесоа со европско знаменце. Не се појави ниту во Законодавниот дом за да ги брани измените, туку тоа го стори неговата заменичка Викторија Аврамовска Мадиќ.