Сингапур најчесто се наоѓа помеѓу најдобрите земји на меѓународните рангирања за математика во основно образование. Кога ќе ја погледнете оваа задача ќе сфатите зошто е тоа така. Се работи за одлична логичка загатка која ќе ги збуни и возрасните. Задачата оди вака:
„Алберт и Бернард штотуку се спријателиле со Шерил и тие сакаат да знаат кога ѝ е роденден. Шерил им дава листа од 10 можни датуми: 15 мај, 17 јуни, 14 јули, 14 август, 16 мај, 18 јуни, 16 јули, 15 август, 19 мај или 17 август.
Потоа, Шерил одвоено им ги кажува на Алберт и Бернард месецот или денот на нејзиниот роденден, соодветно.
Алберт: Не знам кога ѝ е роденден на Шерил, но знам дека и Бернард не знае.
Бернард: Прво не знаев кога ѝ е роденден на Шерил, но сега знам.
Алберт: Тогаш и јас знам кога ѝ е роденден на Шерил.
Кога ѝ е роденден на Шерил?“
Обидете се да ја решите задачата. Подоле ви го пренесуваме одговорот, но не мамете без да размислите сами!
Одговор: 16 јули.