Локалите се полни со гости без сертификати – неколку скопјани заработија кривични пријави

|

СВР Скопје до Основното јавно обвинителство во Скопје поднесе кривични пријави против А.Г.(30), К.С.(25), Ј.Б.(21), А.Ф.(25) и М.Г.(31), сите од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „непостапување според здравствени прописи за време на епи*емија“ по член 206 од Кривичниот законик.

На 11.12.2021 пријавените биле затекнати во угостителски објекти без сертификати што е спротивно на мерките на Владата за забрана за влез во угостителски објекти на лица без сертификат.

СВР Штип поднесе кривична пријава против Д.В.(48) од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епи*емија“.

На 03.11.2021, полициски службеници го затекнале пријавениот надвор од местото на изолација и покрај тоа што имал решение за изолација во домашни услови.