|
Локализиран е пожарот кој избувна вчера претпладне во атарите на селата Радичево и Дукатино во Општина Василево и зафати 20 хектари нискостеблеста шума.
Пожарникарите и екипите на ЦУК и ЈП „Национални шуми“ -Струмица не дозволија да се прошири кон селото Дукатино.
Според командирот на ТППЕ Струмица, Александар Гудев, на местото на пожарот од утрово има дежурни екипи.
-Засега пожарот е под контрола и е локализиран, но заради претпазливост екипите внимаваат да не дојде до повторно избувнување, изјави Гудев.
Заради силниот ветер кој дуваше вчера пожарот се прошири и зафати нискостеблеста шума на тешко пристапен терен.