Локалниот економско – социјален совет на општина Гази Баба повторно се формира. Тоа значи дека во наредните 4 години, општината заедно со фондацијата Фридрих Еберт – Скопје, заеднички ќе работат на прашањата за развивање и унапредување на социо –
економската положба на работниците, а и на граѓаните на општина Гази Баба воопшто.
Преку овој совет, работодавачите, синдикатите, локалната власт и организациите од граѓанскиот сектор ќе дејствуваат за развој на општеството, односно ќе придонесат кон ефикасен систем на воспоставување на пристојни услови за работа на сите и тоа преку
конструктивен дијалог на една маса.
Со тоа, на едно место сите релевантни чинители и работниците ќе можат да ги отворат сите теми поврзани со условите за работа, да дадат свои предлози со цел да се подобрат, да бидат ефикасни и да бидат достојни за работникот.
Општина Гази Баба и понатаму ќе биде отворена општина за сите, ќе се залага секогаш да биде посредник меѓу институциите, невладините и граѓанските организации и граѓаните, со цел да придонесе за подобар живот на сите граѓани.