Лора Турунџиева го крие својот приватен живот, а по речиси една година објави невидена фотографија од свадбата

ИЗВОРСкопје24
|

Ќерката на Сузана Турунџиева, Лора Турунџиева е позната дека не сака многу да го експонира својот приватен живот. Имено, претходната година кон крајот на август таа заплива во брчаните води со нејзиниот сега сопруг Филип Наунов. Свадбата се случи во еден скопски ресторан во интимна атмосфера, а на неа присуствуваа само најблиските.

Лора не е премногу активна на социјални мрежи. Кога се случи нејзината свадба, таа не објави многу фотографии на социјалните мрежи. Исто така ја криеше бременоста се до породувањето, па дури тогаш објави фотографии од нејзиниот труднички стомак.

Лора и Филип се родители на нивниот син Јаков, а секој слободен момент го користит за да ужива со него. Иако на социјалните мрежи пред една година објави неколку фотографии од свадбата, деновиве Лора одлучи да сподели невидена фотографија од тој ден.

На својот „Фејсбук“, Турунџиева сподели фотографија каде става потпис, а во описот напиша:

„Мојот сопруг е еден од моите најголеми благослови од бога. Неговата љубов е подарок кој го отварам секој деn“, напиша Лора.

Досега Туринџиева ја нема објавено оваа фотографија.