Еднаш пробајте и ќе се уверите.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
3,5 кг сечкани пиперки 2 главици лук, ситно сечкан 1 кг морков исечен на коцкички 1 китка магдонос 2-3 лути пиперки кој сака, не мора. ½ кесичка црн пипер во зрно 200 мл масло 200 мл оцет 3 супени лажици сол 2 литри варен доматен сос 1 конзерванс
ПОСТАПКА:
Во поголема шерпа ставете го доматниот сос, маслото, оцетот, додадете шеќер, сол и конзерванс. Кога ќе проврие прво додадете го морковот, па кога ќе биде до половина сварен додадете ја пиперката и варете додека да омекне пиперката.
Додадете го лукот и сечканиот магдонос. Варете само уште неколку минути и веднаш складирајте во загреани тегли. Со дрвено стапче или со дршката од дрвената лажица истиснете го воздухот, поклопете и превртете ја теглата на неколку минути за да се вакумира. Прекријте ги теглите и оставете ги да изладат.
Целата постапка можете да ја погледнете во видеото: