Лубеницата за многумина е омиленото овошје во текот на топлите летни денови. Со уште една состојка која сигурно ја имате во кујната лубеницата ќе стане уште посочна и повкусна.
Веројатно нема да верувате кога ќе ви кажеме дека лубеницата станува многу повкусна кога ќе ѝ додадете малку сол.
Лубеницата најмногу освежување во текот на летото им носи на нејзините обожаватели. Таа е добра за здравјето, а една од нејзините најголеми предности е тоа што го хидрира организмот.
Кога и да ви биде потребно нискокалорично слатко задоволство најдобро е да посегнете по лубеница.
Со еден неочекуван додаток лубеницата ќе стане уште повкусна и посочна: исечените парчиња лубеница едноставно зачинете ги со малку сол. Освен што на лубеницата ќе ѝ даде неодоллив слатко-солен вкус, што дополнително ќе го изрази благиот вкус на лубеницата, вие повеќе ќе ја засакате лубеницата.