Во изминатите неколку години се појавија некои чудни предизвици по социјалните медиуми. Последен беше предизвикот на Birdbox и да не заборавиме на “немономијата” – интернет шега, која ги охрабри учесниците да пијат смешни количини алкохол.
Ниту еден од овие вирални трендови не направи никаква смисла. Убаво е да се види нешто позитивно за промена – дури и ако тоа го истакне фактот дека луѓето, за жал, не можат да ги соберат сопствените ѓубришта.
“Ѓубре предизвик” или #trashtag ги повикува луѓето од целиот свет да ги расчистат плажите, парковите, улиците каде што живеат, и ова да го направат пред овластени лица да дојдат и да исчистат.
Концептот на #trashtag е низ медиумите со години, но во текот на викендот почна повторно да се активира меѓу луѓето кои ги сликаат местата што ги чистат и ги објавуваат на интернет.
https://twitter.com/kelllvvviiinnn/status/1104525006648815616?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1104525006648815616&ref_url=http%3A%2F%2Fwww.ladbible.com%2Fnews%2Fviral-people-are-using-trashtag-to-make-the-world-a-better-place-20190311
Многу луѓе, исто така, вклучија објаснување зошто чистење на површините на природниот пејзаж е толку круцијално за местото во кое што живееме.
Коди Хансон објаснува: “Тоа е едиствениот надворешен свет што го имаме, сите ние го користиме за многу различни работи, но тоа е единственото место што го имаме. Затоа, сите да го направиме својот дел и да го третираме местото каде што живееме со почит.
Ајде да ги собираме отпадоците позади нас. Ви требаат само неколку минути да соберете нешто позади вас, а тоа добро дело ќе трае многу повеќе.