Австралија одлучи да го намали бројот на доселеници, а исто така им забранува на новородените жители да живеат во најголемите градови во првите три години по пристигнувањето.
Премиерот Скот Морисон, се надева дека овој потег ќе ја намали фрустрацијата на граѓаните, огорчени од цените на становите и куќите и метежот на градот, кој многумина го гледаат како резултат на порастот на населението.
Ова е практичен проблем што Австралијците сакаат да го решат”, изјавил Морисон, откако објави дека годишниот број на имигранти ќе се намали од 1 јули на околу 160.000 луѓе, од сегашните 190.000. Оваа мерка ќе биде во сила следните четири години.
Истот така посетителите на Австралија осудени за семејно на*илство ќе бидат протерани од земјата или ќе им биде забранет влез, изјави денеска министерот за имиграција Дејвид Колман.
Новите закони, што стапија во сила во четвртокот, се во согласност со постоечката легислатива со која не се дозволува издавање на влезна виза на лица кои се осудени на една година или повеќе години затвор и за други дела.
– Австралија не толерира сторители на семејно на*илство. Ако сте прогласени за виновен за на*илство врз жени и деца не сте добродојдени во земјата, истакна Колман, додавајќи дека во случаи на семејно на*илство не е важна должината на казната на кои се ос*дени сторителите.
Канбера досега одби да му издаде виза на американскиот рапер Крис Браун, кој е осуден за на*илство врз Ријана во 2009 година, како и на боксерот Флојд Мејведер, кој е осуден за повторно на*илство врз сопругата.