Иако лојалноста во врската или бракот зависи од човек до човек, луѓето родени во овие хороскопски знаци најчесто се склони кон изневерување.
Имено, податоците од една интернет страница која се занимава со спојување парови, вели дека Водолиите се оние кои не можат да им останат верни на своите партнери. Луѓето родени во знакот на Водолија имаат проблем со било какво ограничување на слободата, па впуштањето во сериозна врска прилично тешко го поднесуваат.
Ним слободата им е најважна, па затоа лесно се „опуштаат“ и кога се во врска. Храброста на Водолиите, за жал, не им е силна страна, па наместо за прекин, тие се одлучуваат за неверство и не размислуваат премногу како тоа ќе влијае на човекот со кој што се во врска.
Интересно е и тоа дека после Водолиите, за неверство следни се Рибите и Раковите кои исто така се водени знакови.
Инаку, како што наведува оваа интернет страница, луѓето родени во знакот на Стрелец, најмалку се склони кон неверствоо, а после нив се Девиците и Биковите.