Луѓето со векови наздравуваат со удирање на чашите – еве зошто

ИЗВОРНов Лист
|

Една од легендите вели дека во средниот век, луѓето наздравувале со удирање на чаши за да ги истераат дем оните. Приказната е поврзана со црковните sвона, за кои се верувало дека нивниот звук ги брка сите мрачни сили.

На средновековните судови во Европа, непријателите биле „отстранети“ со истурање отров во вино. Откако оваа „тајна“ стана позната, за да ја добие довербата кај гостите, домаќинот на големи гозби силно ги судираше чашите со чашите на гостите за да ги измешаат пијалоците, а гостите беа сигурни дека нема отров во нивните вина. Оттука и обичајот домаќинот секогаш прво да го проба виното пред да му го понуди на гостинот.

Во античка Грција, звукот играл важна улога и во пиењето вино, но бидејќи Грците верувале дека виното внесува убавина на сите сетила, па освен вкус, боја и мирис, удирањето на чаши создавало атмосфера и за ушите.