Сè ќе биде готово за само неколку минути. Со доаѓањето на дождот луѓето веќе почнуваат да бараат нови обувки кои што ќе ги топлат во студените денови и кои што ќе ги чуваат од вода.
Но, проблемот е во тоа што од единствените обувки кои што се сметаат за непропустливи – гумените чизми, сите продавачи се оградиле поради нивната декларација на која што пишува „за суво време“. Мааната на гумените чизми е крутоста и нештитењето од ладно, па поради тоа на многу од луѓето не им се омилени.
Меѓутоа, за нозете да ви останат суви и во текот на дождливите денови, нема потреба да давате многу пари за нови обувки, постои трик со кој што старите обувки ќе ги направите водоотпорни за само неколку минути.
Единствено нешто што треба да направите е да набавите восок од пчели. Премачкајте ги обувките со восокот и оставете да го впијат и да се исуши, а вишокот избришете го со хартија и подготвени сте за дождливите денови.
Трикот успева и кога станува збор за платнени обувки, па подгответе се така што ништо да не може да ве изненади, но водете сметка – може да се случи на платното да останат дамки поради мaснотијата од восокот.