Од 180.000 граѓани кои скенираа фискални сметки, и очекуваа до вчера да добијат поврат на ДДВ, 90.000 добиле, а останатите ќе добијат поврат во најкус можен рок, уверуваат од УЈП за Телма, откако граѓани се јавија во нашата редакција, уплашени дека нема да ги добијат парите. Директорката на УЈП, Сања Лукаревска, вели дека станува збор за технички застој.
Законски повратот требаше да се исплати до крајот на месецот , но нашата заложба беше да се исплати побрзо, сепак останува до крајот на месецот да бидат сите исплатени. Станува збор за технички застој, бидејќи некаде има неточни податоци за трансакциски сметки кои ние ги проверуваме , а некаде граѓаните уште не ги внеле податоците за трансакциска сметка, вели Лукаревска и додава граѓаните да не се грижат , парите ќе ги добијат најбзро што може.