Лукас направи исклучок за Цеца: Таа очигледно има посебно место во срцето на Аца

ИЗВОРНов Лист
|

Фолк пејачот Аца Лукас направи исклучок за својата пријателка, фолк ѕвездата Цеца Ражнатовиќ, а неговиот гест изненади многумина.

Лукас претходно ги избриша сите дуети кои ги снимал со колегите, меѓу кои и Цеца, но и Милица Павловиќ, како и Јелена Карлеуша.

Меѓутоа, Лукас решил да направи исклучок само заради Ражнатовиќ, па на Јутјуб ги вратил нивните дуети.

Дуетите кои беа отстранети од Јутјуб каналот по барање на менаџерот на Лукас, Саша Мирковиќ, сега се вратени, а пејачот тогаш изјави дека никој не може да има песна со него без да плати.

-Точно е дека дуетите со Цеца се симнати, бидејќи никој не може да има песна со мене на својот канал на Јутјуб без да плати ништо. Јас учествував во реализацијата на сите тие песни, придонесов тие да бидат слушани, а само другите да имаат заработка. Па, не е за џабе кај мене. Пејачите не можат да го користат моето име без да платат ништо – изјави тогаш Лукас.

– Не бев за отстранување на нашите дуети, бидејќи Цеца е нешто друго, пред се, моја пријателка. Работиме на враќање на дуетите на нејзиниот канал на Јутјуб – изјавил пејачот во таа прилика.