Луна Џогани ја однесе победата во „Задруга“ и дома замина со 50 000 евра

ИЗВОРСкопје24
|

По девет месеци, сношти заврши реалното шоу „Задруга“ во кое имавме прилика да гледаме разни сцени, кавги, љубовни случувања….

Публиката со своите гласови одлучи дека Луна Џогани е победничка на втората сезона на „Задруга“.

По прогласувањето на победникот, на Луна и честитаа нејзините цимери и нејзините членови на семејството.

Водителката Душица Јаковљевиќ и го даде чекот со вредност од 50 000 евра, а Марко Миљковиќ дома замина со автомобил „Шкода“.

Луна имаше 30% гласови од публиката, Марко дупло помалку.

„Сакам на сите да има се заблагодарам што беа покрај мене и кога грешев. Вие сте љубов за мене.Немам зборови. Мислам дека сум најсреќна девојка на светот“, изјави Луна.

За потсетување, Луна учествуваше и претходната сезона во „Задруга“, каде што беше љубовница на Слоба Радановиќ.

Слоба беше во брак со Киа Коцкар која исто така влезе во „Задруга 1“ и ја однесе победата.

Извор: vistina.mk