Луна Џогани проговори за кавгата со Анастасија Ражнатовиќ: „Кога најмногу ми требаше поддршка не ја добив, сега не ми ни треба!“ (ФОТО)

ИЗВОРСкопје24
|

Откако нејзината песна ја споредија со оние на Анастасија, како и почетокот на нивните пејачки кариери, Луна Ѓогани ја отвори душата, па проговори за нејзината врска и релациите со поранешната пријателка, ќерката на Цеца, Анастасија Ражнатовиќ. Луна отворено призна дека сè уште не се воконтакт. Раздорот што избувнал пред многу години помеѓу ќерките на Цеца и Анабела до сега не успеаа да го решат.

„Ја знам и ја следам нејзината работа, нејзините песни се врвни, но, не се слушаме или пак дружиме приватно. Кога најмногуми требаше поддршка, не ја добив, па сега не ја ни очекувам“ – рече Луна.

Да ве потсетиме дека наводна причина за раскинување на нивното пријателство било момче со кое се гледала Анастасија, на кого Луна наводно му се нафрлувала!? Но Луна ова го негираше во целост, уште додека беше во реалното шоу „Задруга“, во рубриката „Народот прашува“.