Лупевска: На Јанева ѝ реков дека волку непрофесионален и дрзок обвинител не сум видела

ИЗВОРСкопје24
|

Новинарката Снежана Лупевска Созен на својот Фејсбук профил посвети статус на специјалната обвинителка во оставка, Катица Јанева. Таа истакна дека жали што многумина не препознаа дека Катица Јанева не е воопшто каква што се претставуваше пред јавноста, вели новинарката Снежана Лупевска Созен.

„За карактерот на Катица Јанева: Никогаш не добив желба да се сликам со неа, а единствената средба со неа беше и последна. Завршивме со кавга по што реков дека волку непрофесионален и дрзок обвинител не сум видела во мојата 25-годишна новинарска кариера. Буквално стана да ме избрка од својата канцеларија затоа што ја критикував. Ова првпат го кажувам јавно, а настанот има и сведоци. Затоа не ме чуди воопшто нејзината наредба за претрес и револтот што го предизвикала кај вработените. Жената не е воопшто каква што пред јавноста се претставуваше и жал ми е што многумина тоа не го препознаа особено меѓу моите колеги“, напиша Лупевска на „Фејсбук“.

Za karakterot na Katica Janeva : Nikogas ne dobiv zelba da se slikam so nea a edinstvenata sredba so nea bese i…

Gepostet von Snezana Lupevska Sozen am Donnerstag, 15. August 2019

Инаку, специјалната јавна обвинителка Фатиме Фетаи, која беше дел од триото на Катица Јанева со кое ги претставуваше истрагите на обвинителството, изјави дека ја опцула својата шефица и ја плукнала вратата на СЈО.

За „Независен весник“, Фетаи вели дека Јанева, откако ја примила поканата за сведочење од обвинителката Вилма Русковска, дала наредвба за претреси и проверки на сите кои велгуваат и излегуваат од СЈО.

Обвинителката се враќала од пауза кога полицаецот ја стопирал за да ја провери, бидејќи имало таква наредва за сите вработени, без исклучок.

-Ја испцув гледајќи накај нејзе горе, но беше отидена. На излез само ја исплукав влезната врата од СЈО. Јас сум во шок. По толку малтретирања и закани од колегиумот во понделеникот дека ако Јанева пропадне, сите ќе не повлече, ова е претерано, изјавила Фетаи за „Независен весник“.