За само две песни што ќе ги отпее утре на финалната вечер на Евросонг во Тел Авив , музичката ѕвезда Мадона ќе добие два милиона долари, што е највисока исплата во историјата на овој фестивал.
Без оглед кој утре ќе победи на Евросонг, главната ѕвезда сепак ќе биде Мадона . 60 – годишната кралица на поп музиката се уште не е појавена на пробите во Израел , но договорот е конечно постигнат.
Нејзиниот настап ќе го финансира израелско – канадаскиот милијардер Силван Адамс. Овој 59- годишен бизнисмен пред три години со сопругата Маргарет се пресели од Канада во Израел. Тој толку ја сака земјата што лани во Израел ја донесе велосипедската трка Џиро ди Италија , што го чинеше 80 милиони долари .
Најголем проблем околу потпишувањето на договорот за настапот на Мадона биле песните. Така , наместо предвидениот стар хит ‘Like a Prayer’, таа ќе изведе две песни од најновиот албум ‘Madame X’ , наместо една.
Од телевизијата Кан конечно се смирија со потпишан договор , но тогаш излезе нова компликација. мадона се најде на удар на еден од фронтмените на Пинк Флојд , Роџер Вотерс , кој јавно ја прозва за настап во Израел , земја каде се кој ден се кршат човековите права. Мадона му одговори на Вотерс дека секаде ќе се бори за заштита на правата и достоинството на луѓето.
Во Тел Авив пристигна со приватниот млазен авион на Адамс, по што отседна во хотелот дан , каде за неа е закупен целиот кат. Сер очекува да се појави на генералната проба утре во живо пред публиката.
За нејзиниот настап се задолжени 135 лица , како и 30 тони тешка дополнителна опрема. Изведбата на Мадона ќе ја збогатат 25 професионални танчери , 40 пратечки вокали , режисер, кореограф и аниматор на сценскиот настап.